Турските погранични власти запреле група од 29 нелегални мигранти близу месноста Киркларели, на границата со Бугарија, јави БТА.
Мигрантите биле пресретнати при операција на турската гранична служба во округот Кофчаз во областа Киркларели.
Групата се подготвувала нелегално да премине на бугарска територија со помош на криумчар. Меѓу бегалците имало сириски и авганистански државјани, пишува весникот „Хаберлер“.
По утврдување на нивниот идентитет, имигрантите се сместени во центарот за бегалци, кој се наоѓа во близина на градот.
Криумчарот е задржан во турската полиција.