За НДМ и македонскиот народ голема беше радоста и возбудата вчера по повод двата историски илиндена – 113 години од почетокот на Илинденското востание и 72 години од Првото заседание на АСНОМ.
Меѓутоа, тоа што требаше да биде радост се претвори во голем срам за Македонија и Македонците.
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и за најголемиот национален празник се раководеа од тесно-партиските наместо од националните и државните интереси.
Присутните Македонци на Мечкин Камен во Крушево црвенеа пред странските гости од дипломатскиот кор кога Зоран Заев при доаѓањето беше исвиркан по задача од активисти на ВМРО-ДПМНЕ, а активисти на СДСМ подоцна гласно и недолично довикуваа за цело време на говорот на премиерот Емил Димитриев.
Маските паднаа. Дефинитивно се виде дека кај ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ отсуствува способноста да направат разлика што значи политичи натпревар каде се дозволени меѓусебни конфротации, а што значи национален и државен интерес каде треба да зборуваат во еден глас.
Затоа, по изборите кои се на повидок, нека дојде политичка структура која ќе ужива доверба од народот и ќе направи проблемот со делбите и недостатокот на патриотски и државнички капацитет како наследство од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, да биде проблем на минатото, реагираат од НДМ.