Рафаел Надал ќе настапи за Шпанија на Олимписките игри во Рио, кои почнуваат в петок.
Тој ќе игра во три конкуренции – сингл, двојки и мешани двојки. Настапот на најдобриот шпански тенисер беше неизвесен поради повредата на зглобот.
– Ситуацијата не е најдобра, но ќе се обидам да играм, изјави Надал.
Оваа негова изјава ја потврди и селекторот на шпанскиот олимписки тениски тим Кончита Мартинез, која неговиот настап го образложи со тоа дека Игрите се одржуваат само еднаш во четири години.
Надал во конкуренција на двојки ќе игра заедно со Марк Лопез, а во мешани двојки со Гарбине Мугуруза.
Надал има златен олимписки медал од Игрите во Пекинг во 2008 година, додека во Лондон во 2012 година не настапи поради повреда на коленото.
Машкиот дел од турнирот на Игрите во Рио ќе биде многу „сиромешен“ бидејќи пет од Топ 10 тенисерите од ранг листата нема да играат поради повреди (Рожер Федерер, Стан Вавринка, Милош Раониќ, Доминик Тием и Томаш Бердих).
Најголеми фаворити се двајцата први играчи: Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.
Тенискиот турнир ќе се игра од 6 до 14.август, а извлекувањето „на костурот“ ќе се одржи утре