Аргентинското архитектонско студио БАК во шумски предел изгради куќа која нуди мирен живот и релаксација далеку од градската врева и современиот динамичен живот.
Иако се наоѓа насред шума, куќата ги нуди сите погодности на еден современ дом, а нејзината предност лежи во природното опкружување и необичната структура изработена од дрво и бетон.
Природниот амбиент во куќата е постигнат со големите прозорци и стаклени ѕидови, кои овозможуваат влез на многу светлина во внатрешноста, а на нејзините станари им буди чувство како да се наоѓаат на отворено опкружени со шума и зеленило.
Сепак за да се зачува интимноста, спалните соби се со покласичен изглед со дрвени ѕидови, но со употербата на минималистичкиот мебел и во овој дел не отстапува од основните карактеристики на целата куќа