Колекцијата „Мино“, составена од разновидни рачно изработени лампи, е ремек-дело на студиото „Аква Криејшнс“ со седиште во Тел Авив, кое веќе со години е синоним за одличен спој на квалитетот, естетиката и последната мода.
„Мино“ лампите се изработени со најнова технологија за осветлување и висококвалитетна природна свила во комбинација со махагони и дабово дрво.
Дизајнот и разновидноста на бои и големини овозможува комбинација на осветлувањето како и совпаѓање во секој простор, а секое парче дава иста количина на осветлување и покрај неговата големина.