Во близина на северниот брег на островот Лезбос денеска е лоциран гумен чамец со 34 бегалците и мигранти, соопшти грчката крајбрежна стража.
Мирантите биле одведени до пристаништето Митилена, а потоа ќе бидат префрлени во прифатниот центар Морија.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, од 15 јули, денот кога се случи неуспешниот обид за државен удар во Турција, забележан е значителен пораст на бројот на бегалци и мигранти кои пристигнуваат на грчките острови, но на островот Лезбос во последните три дена, до денеска, немало нови пистигнувања.
На грчките острови во северниот дел на Егејското море денеска се регистрирани вкупно 7.192 мигранти и бегалци.