Демократски сојуз: Виница како Италија

Од:

Деновиве во градовите од Источна Македонија (Виница, Кочани, Берово, Пехчево, Делчево и др.), пристигнаа “вработените од Владата на Република Македонија” во Италија.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ јавно ги преставува огромните резултати преку намалување на бројот на невработени и тоа за над 50% во Кочани, Виница, Пробиштип итн., но не кажуваат колку се иселени и колку од тие се вработени во Италија и другите држави.

Според нецелосните информации во последните пет години само од Виница се иселени над 8000 граѓани од кои повеќето се вработени во Италија.

Состојбите со вработувањето и иселувањето се катастрофални и ако продолжи овој тренд на празнење на државата, бројот на невработени ќе се сведе на 2% до 3%.

Би било коректно да се информира јавноста колку се иселени од Македонија во последните 10 години и причините за тоа (социјални, политички и др.), како и за стратегијата на власта младите да останат во Македонија.

Во услови додека опозицијата, невладиниот сектор и медиумите, расправат за избирачкиот список, изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, со медиумска поддршка, добива на интензитет, со силни ветувања за колекторски системи, нови спортски сали, училишта, вработувања и сл.

ДС сугерира владејачките партии заедно со провладините медиуми да прошетаат на Исток за да видат колку “гости” ни дошле од Италија.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски