Собирот за поддршка на Ердоган во Келн собра 40.000 луѓе

Од:

На собирот за поддршка на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по неуспешниот обид за воен преврат од 15-ти јули, во неделата во Келн се собраа околу 40.000, а медиумите јавуваат дека имало и помали судири меѓу турските националисти со учесниците на друг протестен собир на Курдите.

 

Под мотото „Да за демократијата, не за државниот удар“ во Келн се собрале 40.000 Турција државјани на Германија, но и на соседните земји како Холандија и Белгија, во знак на протест против пропаднатиот обид за пуч од пред две седмици.

Еден од учесниците на собирот на Унијата на европско-турските демократи пред собирот во неделата најави повеќе од 50.000 учесници.

Собирот, кој официјално беше најавен како собир за поддршка на демократијата, но од германската јавност квалификуван како манифестација на поддршка на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, преку видео врска требаше директно да се обрати и самиот Ердоган, но тоа германските судови го забранија, што предизвика остра реакција на турските власти.

„Се прашуваме која е вистинската причина поради која германските власти го забранија обраќањето на турскиот претседател на своите следбеници“, изјави портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин, а турскиот министер за европски прашања Омер Челик рече дека забраната претставува „повреда на демократските принципи“. Турскиот министер за спорт и млади, Акиф Чакати Килич, кој присуствуваше на собирот во Келн, исто така, ја критикуваше забраната за обраќање на Ердоган на присутните на собирот.

Полицијата и судот во Келн претходно го забрани директното вклучување преку видео врска со образложение за да спречи „ситуација набиена со емоции“.

Паралелно со собирот на поборниците на Ердоган од едната страна на Рајна, од другата во градскиот центар се одржаа неколку протести на левичарски политички организации, меѓу кои беа и претставници на Курдите, а се одржуваше и протест на десната радикална партија Pro NRW на кој се собрале според процените на полицијата и медиумите само околу триста учесници.

Инциденти се случиле кога на еден плоштад во центарот на Келн, турските националисти нападнале протест на про-курдските организации, пренесуваат медиумите.

Германските политичари и голем дел од тамошната јавност со денови остро го критикуваат одржувањето на собирот во Келн зборувајќи за „продолжената рака на Ердоган во Германија“.

Многу политичари поддршката за Ердоган од Турците и граѓани на Германија од турско потекло ја доживуваат како доказ за недоволната интеграција и непочитување на основните демократски принципи на кои почива уставот на Германија. „Оној кој му ракоплеска на демонтирањето на турската демократија, тој не ги признава темелните вредности на германскиот устав“, реле генералниот секретар на владејачката CDU, Петер Таубер во разговорот за весникот Welt am Sonntag.

Германските политичари го критикуваа и доаѓањето на турски министри на собирот во Келн, додека истовремено турскиот претседател им забранува на пратениците во Бундестагот да и посетат турските војници распоредени во Турција.

Шефот на германската дипломатија Франк-Валер Штајнмаер предупреди пред собирот дека турските судири не смеат да бидат увезени во Германија.

Германско-турските односи со месеци се напнати поради зачестените критики во германските медиуми за претседателот Ердоган, а кулминираа откако Бундестагот османлискиот масакр над Ерменците во Првата свеска војна го квалификуваше како геноцид.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски