Македонија утре ќе ги одбележи двата историски Илиндена

Од:

Република Македонија утре ќе ги одбележи двата историски Илиндена – 113 години од почетокот на Илинденското востание и 72 години од Првото заседание на АСНОМ. 

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе присуствува и ќе се обрати на одбележувањето во Меморијалниот комплекс во Пелинце, а претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во Скопје, пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, претседател на Президиумот на АСНОМ. 

Премиерот Емил Димитриев ќе ја предводи делегацијата на централното чествување на Мечкин Камен во Крушево. Таму ќе биде положено цвеќе на гробот на Никола Карев, на местото Слива и на споменикот на бранителите на Крушевската Република на Мечкин Камен, каде што ќе се одржи голем народен собир.

Во Крушево за Илинден традиционално ќе пристигна и коњаниците од Илинденски марш, а градот од денеска ќе биде домаќин на Научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“. 

Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател… Слободната Република траела десет дена.

Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република. 

Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил  Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто.

Заседанието усвоило неколку документи со државнотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.

Би можело да ве интересира

Апасиев положи цвеќе на Прохор Пчински за јубилејниот АСНОМ

Предраг Петровиќ

Министерството за човекови и малцински права им го честита Илинден на Македонците во Србија

Мицкоски: Прогласувам мораториум на разговори на теми кои делат и ги злоупотребуваат етничките прашања, ги повикувам сите лидери да зборуваме за она што решава проблеми, економијата, образование, иновации

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

„Борбата трае“ ќе биде мотото на државната прослава на 2 Август