На синоќешниот натпревар на јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија против Унгарија, на трибините во СЦ „Борис Трајковски“ имаше забележител број на познати кошаркарски работници, актуелни, но и поранешни репрезентативци, членови на сениорската репрезентација.
Кошаркарската јавност присутна во „Борис Трајковски“ за прв пат можеа да го видат новопечениот репрезентативец, Ромео Тревис кој треба да биде засилување за македонската репрезентација во претстојните квалификации за Европското првенство.
Американецот, Тревис беше во друштво на селекторот Драган Раца, а во негова близина и неколкумина актуелни членови на националниот тим.
За разлика од нив, некогашниот капитен на црвено-жолтите и актуелен член на Фенербахче Улкер, Перо Антиќ натпреварот го следеше заедно со синовите.
За жал, како и сите останати, па и тие, арената ја напуштија незадоволни од исходот бидејќи македонските јуниори загубија од своите врсници од Унгарија со 56-78.
ФОТО: МИА