Куќа од челични плочи и дрво во Колорадо

Од:

Американското студио „Томи Хејн Архитектс“ трансформираше едно старо железничко депо во модерен семеен дом.  

При редизјанирањето, архитектите воделе сметка за вметнување на современите архитектонски концепти, но и за истакнување на духот на скијачкиот центар Телурида во сојузната држава Колорадо, каде што се наоѓа куќата.

Куќата е изградена од челични плочи и старо амабрско дрво, а поставени се и камени скали кои водат до нејизниот влез и се стеснуваат од дното кон врвот.

На таваните во внатрешноста на куќата се поставени сводови, а јужната страна на градбата е речиси целосно застаклена за да се овозможи влез на големо количество природна светлина, но и со цел на домот да му се даде урбан изглед.

Од куќата се пружа поглед кон околните врвови, а гледка кон опкруживање е овозможена и од самата бања, па може да се ужива во природните убавини додека се лежи во кадата.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска