Младата машка кошаркарска репрезентација на Македонија е поразена од Унгарија, во рамките од 3.коло на Европското првенство за играчи до 18 години (Б дивизија) што се одржува во Скопје.
Во натпреварот од А групата, одигран вечерва во СЦ „Борис Трајковски’’ македонските јуниори загубија од Унгарија со 56:78 по четвртини 16:12, 11:15, 15:24 и 14:17.
Со само двајца расположени кошаркари, Ненад Димитриевиќ кој имаше учинок од 13 поени, 10 асистенции и 9 скокови, како и Елвис Хот кој средбата ја заврши со дабл-дабл учинок од 16 поени и 11 скокови, црвено-жолтите неможеа да се надеваат на изненадување.
Ова беше втор пораз за македонските јуниори со која ги намалија шансите за второто место во А групата, а со тоа и пласман во четвртфиналето.
оваа група денеска се одиграа и средбите: Полска – Кипар 65-35 и Бугарија – Ирска 113-67.
Табела: Унгарија 3-0, (победи-порази), Бугарија 2-1, Полска 2-1, Македонија 1-2, Кипар 1-2, и Ирска 0-3.
Утре се слободен ден на шампионатот, а натпреварите од 4.коло ќе се играат во вторник.