(ВИДЕО) Митрески: Поради Груевски изгубивме 8.5 милиони евра од ИПА за Колекторскиот систем

Од:

Ве информирам дека Никола Груевски пред неколку дена излажа дека проблемот со колекторскиот систем во Радожда, што треба да го спречи загадувањето на Охридското езеро, ќе се решавал преку ИПА фонодовите на ЕУ. Брисел и одобри на Македонија 8.5 милиони евра од ИПА 1 фондовите за Колекторскиот систем во Радожда, но парите се изземени, рече пратеникот на СДСМ, Јован Митрески.

„Нема веќе пари од ИПА за Колекторски систем во Радожда и Враништа.

Затоа што нема колекторски систем, фекалиите од селото и околината и понатаму ќе одат директно во Охридското езеро и ќе ја загадуваат водата.

Сето ова е поради несериозната и расипничка власт на Никола Груевски.

Европската унија, според информациите што ги имаме, ги повлекла парите испланирани за Колекторскиот систем уште во 2007 година, со образложение дека оваа власт нема капацитет да ги употреби сретствата во предвидените рокови.

Тоа значи дека на Груевски ни една деценија не му е доволна да направи еден Колекторски систем!

Последните информации се дека околу 24 милиони евра од доделените пари преку ИПА 1 на Македонија се вратени во Брисел, НЕИСКОРИСТЕНИ!

Дел од нив биле за заштита на животната средина во Македонија, дел за патната структура…

Македонија не ги изгуби само овие доделени 24 милиони евра од ЕУ. Околу 100 милиони евра од ИПА 2 програмата воопшто нема да бидат доделени според последната одлука од Брисел.

Оваа власт не се грижи за реалните потреби на граѓаните, туку ги сиромаши. Не го развива туризмот, туку го уништува.

Власта на Груевски не сака неповратни сретства од ИПА фондовите за коишто постојат строги контроли.

Сакаат кредити за да ги злоупотребуваат парите на граѓаните и да се богатат до рајските земји додека половина Македонија, 43.2 процента тоне во сиромаштија.

Оваа власт заминува и оваа власт за се ова ќе одговара!

Доаѓа одговорна Влада што ќе ја предводи СДСМ, која ќе го реши прашањето со колекторскиот систем во Радожда и Враништа и ќе се фокусира исклучиво на интересите на граѓаните и на државта“, рече Митрески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он