Лустрациска објави имиња на уште четворица соработници на тајните служби

Од:

Поранешниот министер за култура Ѓунер Исмаил, писателот и поранешен директор на НУБ „Кимент Охридски“ Паскал Гилевски, Драги Билески, поранешен судија од Кичево и Никола Темелковски, кој извршувал јавна функција-директор на Јавно претпријатие во Битола, биле соработници на тајните служби, објави денеска Комисијата за верифиикација на фактите на својата веб страница www.kvf.org.mk .

Поранешниот министер за култура Ѓунер Исмаил,  според објавените документи, додека бил професор во Средното трговско училиште во Скопје во 1983 година пред тајните служби ги кодошел своите ученици Албанци кои пееле албански песни. Исмаил пред службите  кодошел четири ученици, две момчиња и две девојчиња. За инцидентот учениците биле осудени на затворски казни од 15 до 60 дена и избркани од училиштето.

Во документите обравени за Паскал Гилевски, како поранешен директор на НУБ „Климент Охридски“, пишува дека бил учесник на младо-националистичка група и бил под истрага уште од 1958 година за македонски национализам и шовинизам. Тој на службите им давал информации за лица од Егејска Македонија, од Унгарија каде привремено живеел и за интелектуалци и уметници во Скопје со кои се дружел.

Никола Темелковски, според фактите што ги утврдила Комисијата за лустрација, давал информации за лица кои биле следени од Службата за државна безбедност. Тој , како што се наведува свесно, тајно, организирано и континуирано соработувал со органите на државната безбесност притоа остварувајќи погодности за себе при напредување во службата. Во државниот архив биле најдени службени белешки дека бил соработник од 1983, од 1984, 1988 и 1990 година.

Драги Билески, поранешен судија од Кичево, бил користен од службите како оперативна врска за следење на активностите и коментарите на одредени лица кои биле цел на службите. Во објавениот допкумент за него пишува дека во 1968 година учествувал во „младо-националистичка група“ која се залагала за обединување на Македонија и создавање самостојна држава. Тој ги информирал службите за активностите на групата и нејзините членови.

Комисијата за верификација на фактите на својата веб страница досега објави имиња на 36 лица за кои утврдила дека соработувале со тајните служби.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска