СДСМ: Чулев призна, Антикорупциска затвора очи за неговиот луксузен стан, ќе одговараат

Од:

Директорот на Агенцијата за разузнавање Наќе Чулев молчи зошто не го пријавил во неговиот станот од околу 90.000 евра во луксузниот станбен објект во Аеродром во неговиот Анкетен лист. Со тоа високиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ и самиот призна дека го крие луксузниот стан. Зошто директорот на Разузнавање Чулев има потреба да го крие станот, прашуваат од СДСМ.

„Дали можеби затоа што треба да објасни како се доаѓа до стан во луксузен комплекс со пазарна вредност од околу 90.000 евра?

Дека директорот на Агенцијата за разузнавање има стан на адреса Фрањо Клуз број 2, со површина од 63 метри квадратни во вредност од околу 90.000 евра покажува неговиот имотен лист од Агенцијата за катастар на недвижности.

Ај што Чулев молчи, незаконски молчи и Антикорупциската комисија чиишто членови се платени од граѓаните за да ги штитат нивните интереси од злоупотреби од функционери.

Според законот, директорот на Агенцијата за разузнавање морал да пријави во Антикорупциската комисија какви било промени во имотната состојба коишто ја надминуваат вредноста од 20 просечни плати.

Груевски и соработниците кои трупаат станови и пари до рајските земји можеби се засега поштедени од Антикорупциската комисија под нивна контрола.

Но ќе бидат казнети на регуларните избори во декември, по што за сите злоупотреби ќе следува одговорност за сите што ги кршеле Уставот и законите и за оние кои биле соучесници во тоа“, стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он