Три лица се убиени, а едно е повредено при престрелка во гратчето Мукилтео, на околу 40 километри од Сиетл, во американската држава Вашингтон.
Полицијата уапси едно лице во округот Луис, кое е осомничено за нападот, соопштиле градските власти преку Твитер.
Повредениот е веднаш префрлен во болница, но засега не се знае неговата здравствена состојба.
Според градските власти, нападот се случил врз една куќа, во која во моментот на престрелката се наоѓале меѓу 15 и 20 луѓе.
Полицијата се уште не соопштува детали за инцидентот ниту за осомничениот.