И Владата купувала нафта од „Алма комерц“ осомничена во аферата Керозин

Од:

Дали во мрежата во аферата „Керозин“, ќе се вплеткаат и „покрупни“ риби?

Сите институции кои купувале нафта од фирмата „Алма Комерц“ добија задача да проверат, колку од договореното всушност легнало во нивните резервоари.

На овој начин, објави порталот „Мојот град од друг агол“,  полицијата ја проширува истрагата и ќе ја проверува штетата од работењето на неготинската компанија, чии газди и соработници се сомничат дека испорачувале помали количини од „црното злато“ на институциите, од она што се обврзале кога ги добивале тендерите.

На  страната  на Бирото за јавни набавки,  можат да се  видат  над 160 тендери кои „Алма Комерц“ ги добила во изминативе четири години. Вкупната вредност на зделките надминува 21 000 000 милиони евра, од кои најголеми се со Министерството за труд и социјала. Летово, надлежните во ова министерство, склучиле договор тежок 838.000 евра. Истата институција, но во летото 2009-тата, набавувала нафта во вредност од 815.660 евра. Големи договори годинава имаат и општината Штип 777.000 евра и скопската градска болница  753.583 евра.

Помали договори со „Алма Комерц“ имаат и  општините  Чаир, Битола, Тетово, Гевгелија, Гостивар. Со неготинската компанија соработувале и бројни државни институции како Службата за општествени работи при Владата, Министерството за одбрана, Царината па и УЈП, која е вклучена во истрагата.

За акцијата оперативно наречена „Керозин“, досега се поднесени 9 кривични пријави. Според директорот за јавна безбедност Љупчо Тодоровски,сега ќе се проверува и можната инволвираност на раководни лица во институциите каде што ќе бидат констатирани злоупотреби. Меѓу нив сепак нема осомничени градоначалници.

Според МВР злоупотребата се одвивала на два начина. Првиот, поткупени магационери „замижувале“ пред испорачаните количини во одредени институции. Вториот, кога проверките ги правела комисија при полнењето, се користела замена со т.н. „близнаци“ цистерни по пат, пишува порталот.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот