ЗНМ се солидаризира со турските новинари и медиуми

Од:

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) се приклучи во петокот кон иницијативата на Меѓународната федерација на новинари(МФН) и Европската федерација на новинари (ЕФН) против бранот на напади врз слободата на медиумите и човекови права во Турција.

ЗНМ, исто така, упати писмо до турскиот амбасадор во Скопје, Умур Шелендир, во кое изразува длабока загриженост за масовното затварање на медиуми и апсење новинари, кое се случува во Турција, по обидот за воен удар. Во писмото, престедателот на ЗНМ, Насер Селмани ја повикува турската влада да се воздржи од нови напади на медиуми и новинари.

„Веруваме дека вонредната состојба не треба да се користи како изговор за чистка во медиумите, како и во другите делови на општеството. Цензура на медиумите заради критики насочени кон владината политика е незаконска, дури и во вонредна состојба“, се вели во писмото.

ЗНМ, и сите членки на МФН и ЕФН ги повикуваат турските власти да ги почитуваат меѓународните конвенции за човековите права, социјалните права и слободата на говорот. „Ве охрабруваме да ја негувате култура каде во целост се почитува слобдата на печатот“, се истакнува во писмото.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје