Баша: Куповната моќ на албанските граѓани на историски најниско ниво

Од:

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократката партија, Љуљзим Баша ја обвини Владата на Албанија дека е одговорна за тешката економска состојба во земјата, нагласувајќи дека потрошувачката е на историски најниско ниво.

– Куповната ноќ е на историски најниско ниво, поради сиромаштијата, невработеноста и недостигот на приходи. Ова е најголемата потврда за лошото работење на Владата на Еди Рама, кој се обидува по секоја цена да го отргне вниманието од реалните проблеми на луѓето со ломотењето за политичкиот конфликт, изјави Баша.

Според него, како што јави дописникот на МИА, трговскиот дефицит на Албанија е повисок за 14,4 проценти, споредено со јуни 2015 година, додека извозот забележал пад од 6,4 проценти.

Намалување, според Баша бележи и увозот, кој во јуни бил 1,6 проценти понизок споредено со месец мај.

– Ова се показатели кои ја покажуваат борбата на бизнисот да произведува, за да остане под непријателското и насилно покровителство на Владата, која знае само да ги зголемува даноците, казните, цените на енергијата и нафтата, а не изршува ниту една работа и  ниту една услуга. Високите даноци, корупцијата и непријателстото кон трудот и производството и недосигот на доверба му го одзедоа духот на бизнисот, принудувајќи го да стави клуч или да ги намалува работните места, обвини Баша.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“