Изгласан ребалансот на буџетот за 2016 година

Од:

И покрај жестокото противење на опозицијата, мнозинството во Парламентот го изгласа ребалансот на буџетот за 2016 година

Со 55 гласа „за“ и со 23 „против“, ребалансот сепак ја мина собраниската процедура.

За опозицијата, во предложениот ребаланс е содржана и еврообврзницата која, според нив, е незаконски издадена.

Ребалансот на буџетот предвидува намалување на вкупните приходи од 177,292 милиони денари на 174,291 милиони денари и намалување на вкупните расходи од 196,276 милиони денари на 195,472 милиони.

Дефицитот е ревидиран од 18,984 милиони денари на 21,181 милион денари.

Би можело да ве интересира

Собранието ќе добие ново лого

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Собранието одлучи: Се забранува употреба на пиротехника во затворен простор

Горан Наумовски

Пратеници од „Европски фронт“ поднесоа иницијатива за формирање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

Поддршка од пратениците за законски измени со кои ќе се забрани пиротехника во затворен простор

Зајкова: Да ги заштитиме жените и жртвите на семејно насилство, а не да санираме ненадоместливи штети