Хрватскиот кошаркар, Бојан Богдановиќ со фотографија на социјалните мрежи се пожали на условите кои тој и колегите од репрезентацијата ги имаа на патот од Рим до Буенос Аирес каде што се на подготвителен турнир за Олимписките игри во Рио.
„Фала им на ХКС (Хрватски кошаркарски сојуз) и ХОО (Хрватски олимписки одбор) што се потрудиле и ни овозможиле ваков комфор каков што заслужуваме на пат од 32 часа. Условите секогаш ни биле на ниво“ – напиша иронично Богдановиќ на својот фејсбук профил и постираше фотографија од која се гледа како хрватите стиснати патувале од Рим до Аргентина.
Додека хрватскиот Богдановиќ мораше да ги собира нозете, српскиот, Богдан Богдановиќ и неговите колеги се ширеа во својот авион. Српската федерација им даде многу подобри услови на своите претставници отколку Хрватите кои со право го кренаа гласот.