Див Запад или метропола: Ќе ги сопре ли некој трките на Партизанска?

Од:

Булеварот “Партизански одреди“ и натаму останува најопасата улица во Скопје, на која се тркаат мотори и автомобили, иако досега многупати Градот Скопје промовираше безбедност и дозволена брзина од 50 километри на час.

Речиси секој ден, во раните вечерните часови кога има голема фреквенција од луѓе и возила на булеварот, се тркаат мотоциклисти и автомобили за кои не постојат ниту зелен бран, ниту дозволена брзина на движење. Секоја вечер во двете насоки, а некогаш и до раните утрински часови има трки на мотори кои возат над 160 километри на час.

Оваа појава трае долго, но никој не ја спречува. Полиција нема, единствено се појавува кога треба да ги брка и казнува таксистите.

Зелениот бран ќе овозможи движење на моторните возила по булеварот без прекин, притоа обезбедувајќи максимална безбедност за сите учесници во сообраќајот, проточност на возилата во двете насоки, намалување на загадувањето на воздухот и скратување на времето на патување“, ветуваше Трајановски и тврдеше дека со тоа е зголемена безбедноста на граѓаните.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најбрзата баба на светот-на 83 години се трка со ламборџини

Предраг Петровиќ

Страшна сообраќајна несреќа, превртен автомобил на Партизанска

А1он

Автомобил удри тинејџер на Партизанска и избега

Искра Манојлоска

ВИДЕО: Гореше куќа во Тафталиџе 2, близу Партизанска

Ландов

Санкционирани 10 „диви тркачи“ на скопската обиколница

А1он

Маленко: Пливачката федерација не стои зад маратоните што ги организира „криминална групација“

Жарко Настоски