Италијанскиот кошаркарски репрезентативец Андреа Барњани во новата сезона ќе го носи дресот на Лаборал Куча, што ќе претставува големо засилување за шпанската екипа.
Тимот на Лаборал минатата сезона играше во полуфиналето на шпанското првенство, но и во Евролигата.
Шпанскиот тим со Барњани потпиша две годишен договор.
Барњани, кој во 2006 година беше избран како прв „пик“ на драфтот, НБА кариерата ја започна во Торонто, а ги носеше дресовите на Њујорк и Бруклин. Во НБА одигра над 500 натпревари во кои во просек имаше по 14,3 поени и 4,6 скока по натпревар.