Утре од 9 до 11 часот, корисниците од улицата „Пиринска“ во општина Центар ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците 4, 5, 6 и 8 во селото Студеничани, а од 9:30 до 14:30 часот и кориниците од улицата „Гемиџиска“ во населбата Железара во општина Гази Баба. Од 10 до 15 часот утре струја ќе немаат и корисниците од улиците „Кленоец“, „Пресека“, „Бабуна“ и „Владимир Каваев“ во општина Карпош, а од 9 до 15 часот и корисниците од улиците Волково 101 и Волково 93 во општина Горче Петров.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот во снабдувањето со електрична енергија е поради изведување технички зафати во мрежата од страна на ЕВН Македонија.
В четврток од 9 до 17 часот поради истата причина без струја ќе бидат и корисниците од селата Зелениково, Пакошево, Страхојадица, Кадина Река, Градовци, Гумалево, Тисовица и Добрино, од 9 до 15 часот електрична енергија ќе немаат корисниците населеното место Сопиште – пат за Дрисла, а од 9:30 до 14:30 и корисниците од улицата „Гемиџиска“ во населбата Железара во општина Гази Баба.