Џафери влезе во кривично дело со Миновски и Бришковска, која е цената на Ахмети до Груевски

Од:

Тендерската коалиција ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ проработи и во незаконското издавање на еврообврзницата.

Министерот за правда Валдет Џафери очигледно притиснат, подметна грб во обид за спасување на министерот за финансии Кирил Миновски од кривична одговорност, што е невозможна мисија.

Џафери, според информациите на СДСМ, издал пост фестум правно мислење за веќе издадената еврообврзница од 450 милиони евра, но ова е противзаконски, откриваат од СДСМ.

Тоа значи дека и Џафери влезе во кривично дело, заедно со Миновски и Бришковска.

Која е цената што ја испорачал Ахмети на Груески за жртвата на ДУИ во незакоснкото издавање на еврообврзницата ќе се види.

Посочуваме дека во Буџетот на РМ сеуште во ставката странски задолжувања стои износот од 370 милиони евра за цела 2016 година.

Со издавањето на еврообврзницата прекршени се Законот за буџет, Законот за Влада, Законот за јавен долг и Кривичниот законик на РМ.

Од денеска јавниот долг ќе изнесува 5 милијарди евра или скоро 52% од БДП.

Сите инволвирани ќе одговараат за финансиско злосторство врз граѓаните на Република Македонија.

СДСМ по промената на власта на сите можни легални начини ќе го оспори ова задолжување како законски јавен долг, посочуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ