Архитектите се заблагодарија за изградбата на Скопје

Од:

Во спомен на градот и жртвите на земјотресот во Скопје на 26 јули 1963 година, Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) им се заблагодари на сите што помогнале да се обнови и изгради Скопје по катастрофалниот земјотрес.

ААМ потсетува и на сите објекти кои се изградени со странска помош.

„Голема благодарност за обновата на нашиот град до сите народи и народности на тогашната СФРЈ, другарот Тито, 82 земји од сите континенти на светот, Обединетите Нации.

Во земјотресот се уништени преку 85% од станбениот фонд и преку 80% од културно – историските објекти во Скоје. Обновата на градот е овозможена со материјална помош од југословенските републики и странство со што Скопје станува град на солидарноста, особено се истакнува помошта од Обединетите Нации.

Од 82 земји дарители на помош се собрани вкупно 158.226,296 долари.

Во наведената помош од странство не е вклучена вредноста на 1244 уметнички дела, бидејќи не може да се процени. (меѓу кои е и донацијата на Пабло Пикасо, сликата Глава на жена)

Некои значајни општествени објекти кои се донации од пријателски земји:

1. Институт за македонски јазик “Крсте Мисирков“ од иселениците
2. Музеј на современа уметност од Полска
3. Универзална сала од Бугарија
4. Сала “Кале“ од Грција
5. Фискултурен дом во Карпош 3 од Франција
6. Бања во Катланово од Италија
7. Јавна бања во Чаир од Етиопија
8. Драмски театар од В. Британија
9. Поликлиника “Букурешт“ од Романија
10. Детска болница во Козле од Норвешка и Шведска
11. Детска болница во Ѓ. Петров од Шведска
12. Дом за стари лица во с. Злокуќани од Шведска
13. Основно училиште “Песталоци“ од Швајцарија
14. Основно училиште “Јан Амос Коменски“ од Чехословачка
15. Хемиско училиште “Марија Кири“ од Полска
16. Детски центар на Водно од Гана, Египет, Либија, Бурма, Индија и Кувајт
17. Младински дом од СССР и Алжир
18. Гинекологија “Чаир“ од Чехословачка
19. Детски сообраќаен воспитен центар од СР Германија и ГД Германија
Од дарители од странство се изградени 49.415 м2 станбена површина“, се наведува во писмото на ААМ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Почина архитектот Петар Муличкоски, авторот на оригиналната зграда на Владата

Ана Ололовска

Скопје денеска со повеќе активности одбележува 59 години од земјотресот кој го разори градот.

Се испокараа Арсовска, архитектите и проектантот на Универзална, никој не може да ја убеди градоначаличката дека објектот ќе биде безбеден

Кристијан Ландов

Заев: Скопје стана град на солидарноста, место на кое се обединија пораките и молитвите за поддршка и за споделување на болката

Ана Ололовска

Тура низ Скопје инспирирана од книгата „Мистериозниот град под калето“

Ана Ололовска