Израел привремено ја одложи копнената офанзива

Од:

Израелските министри денеска одлучија привремено да ја одложат копнената офанзива на Појасот Газа, додека траат преговорите за примирје во Каиро.

– Одлуката е донесена и според неа во овој момент привремено се одложува копнената офанзива, со цел да и се даде шанса на дипломатијата, изјави висок израелски претставник, по синоќешниот маратонски состанок на потесниот состав на Владата, задолжен за безбедноста.

– Се дискутираше за дипломатијата и за воената операција, рече тој.

Планот за прекин на огнот, со кој посредува Египет, е изнесен во индиректните преговори во Каиро со израелската делегација и претставници на Хамас.

Во меѓувреме повеќе високи дипломати доаѓаат во регионот за да се обидат да придонесат за прекин на насилството, кое трае веќе седум дена.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска разговараше во Ерусалим со шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле, нагласувајќи дека Израел сака да обезбеди долготраен договор, со кој ќе се спречи криумчарење на ракети на територијата со која владее Хамас.

– Верувам дека Германија може да одигра позитивна улога во пронаоѓањето на решение за судирот засновано на долготраен аранжман, кој ќе обезбеди таковото оружје да не влезе повторно во Појасот Газа, рече Нетанјаху, нагласувајќи дека повеќе му одговара дипломатското решение и оти се надева на него.

– Во спротивно ќе имаме целосно право да се браниме со сите останати средства и ние ќе ги употребиме, додаде тој.

Во меѓувреме од Појасот Газа изутрината кон Израел се истрелани околу 60 ракети, а на удар се најде и градот Бершев.

Билансот на загинатите Палестинци надмина 110 лица, а на израелската страна животот го загубија три лица.


Би можело да ве интересира

Тројца загинати и стотина повредени во експлозиите на воки-токи во Либан, бројката не е конечна

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Втор бран напади во Либан, сега воки-токи експлодираат

Почнува одмаздата кон Израел: Испукани ракети

Предраг Петровиќ

Четворица израелски војници загинаа во Газа

(ВИДЕО) Експлодираа пејџерите на членовите на Хезболах: „Ги видов како крварат“

Горан Наумовски

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа