53 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Од:

За само неколку мига тој топол јулски ден во 5:17 часот, во 1963 година, се смени градот Скопје, се смени животот. Секоја година на денешен ден, преживеаните од земјотресот се навраќаат на болката која тоа лето му се случи на Скопје.

1070 жители ги загубиле животите, а најмалку 3000 лица биле повредени. Бројот на лицата без дом бил 200.000. Земјотресот од 1963 е еден од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија.

zemjotres 1

На 26 јули 1963 година,Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала) кој траел 20 секунди, а помали потреси имало до пет часот и 43 минути. Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри, низ долината на реката Вардар. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1 070 негови граѓани, биле повредени над 4000 граѓани.

zemjotres 2

По земјотресот градот почнал да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата железничка станица денес е Музеј на Град Скопје и претставува симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.

Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики и неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале тој да се изгради повторно, поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.

zemjotres 4

Во Скопје, за првпат во времето на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, се сретнале американскии советски воени сили кои заеднички им помагале на скопјаните.

zemjotres 5

Непосредно по земјотресот, претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито изјавил:

„Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме. Тоа ќе стане гордост и симбол на братството и единството, на југословенската и светската солидарност”.
Овие букви беа заковани на старата железничка станица, денес Музеј на Град Скопје.

zemjotres 6

Скопје бил два пати целосно разурнат од земјотреси и тоа во 518 година кога бил уништен Скупи и во 1555 година. Вакви големи отпуштања на внатрешната (тектонска) енергија се случуваат на околу 500 години, а мали амортизации има на неколку години или неколку десетици години.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во подрачјето Штип – Радовиш

Земјотрес во Црна Гора

По 20-ти пат ќе се гласа – ќе се набават нови еко автобуси во Град Скопје или не

Нов земјотрес во Србија, четврти потрес во последните 11 дена

Земјотрес во Србија

(ФОТО) Наезда на глувци во Скопје – Општините се должни да побараат вонредна дератизација, зградите да си ги чистат подрумите

Анита Петровска Рајковиќ