Фудбалската федерација на Белгија распиша конкурс за нов селектор, место за кое може да се пријави секој, а целиот процес потсетува на добро познатата игра „фудбал менаџер’’.
По разочарувачкиот настап на ЕП во Франција, беше разрешен досегашниот селектор Марк Вилмутс, па раководството на федерацијата се реши на својата веб страница да објави оглас за испразнетото селекторско место, со желба да се пријават повеќе кандидати.
Рокот за пријавување истекува на 31 јули, а „идеалниот“ кандидат меѓу другото треба ги исполнува следните услови: „Искусен, со потврдени успеси во светот на фудбалот, отворен, нагласено комуникативен и да вгради култура за многу добри настапи кај играчите“, пишува во огласот објавен од страна на белгиската федерација.
Белгија која котира на 2.место на ФИФА ранг листата разочара со својот настап и постигнатиот резултат на последното Европско првенство во Франција, особено по поразот со 1:3 од Велс во четвртфиналето.