Веќе се бројат деновите до спектакуларното отворање на Олимписките игри во Рио, а како се доближува 5 август, така се дознаваат и повеќе детали за шоуто што се подготвува.
Според ексклузивните информации на „Дејли Мејл“, ова ќе биде „најсекси“ церемонија на отворање на една Олимпијада, со „голем број полуголи убавици“, а сега е откриено дека во сето тоа ќе учествува и славниот супермодел Гизел Бундсен.
Оваа 35-годишна манекенка минатата година се повлече од модните писти, но на церемонијата на отворање на Олимпијадата ќе се појави како легендарната „Girl from Ipenama“ (девојката од Ипенема).
На славниoт стадион ќе влезе во придружба на култниот хит што на клавир ќе го отсвири бразилскиот музичар Паоло Јобим, син на авторот кој во 1962 година го освои светот со оваа песна.
Во продолжение на програмата се очекува најголемиот број полуголи жени што досега е виден на било кое отворање на Олимпијада.
-Ќе има голем број речиси сосема голи жени кои ќе танцуваат самба. Костимите се дизајнирани така да откриваат што е можно повеќе кожа, што значи со најмало можно количество материјал воопшто на себе. Сепак, ова е Бразил, земјата во која женското тело се слави како никаде на друго место во светот, појасни изворот на „Дејли Мејл“.
Спектакуларното отворање на Олимписките игри во Рио ќе трае три часа, а се очекува во директен пренос да го следат милиони гледачи ширум светот.