А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Повторно откриена бактерија во една од чешмите во кумановско Проевце

by А1он20/11/2012 - 12:41332
Share0

Центарот за јавно здравје повторно изврши испитувања на чешмите во кумановско Проевце и анализите покажаа дека бактеријата псеудомона аеругеноза е присутна кај  една од чешмите од каде истекува минерална вода.

Следете a1on на Instagram Instagram

Надлежните институции ги дезинфецираа чешмите во неколку наврати. Во текот на месецот беа  поставувани и  натписи дека водата  бактериолошки  е неисправна за пиење, но несовесни граѓани постојано ги отстрануваа. Кумановци секојдневно полнат вода од овие чешми и покрај предупредувањата на лекарите.

– И последните испитувања покажаа присуство на бактеријата во една од шестте чешми. Информациите се доставени до надлежните институции. Граѓаните може да ја користат водата од сите чешми, освен од третата, вели специјалистот по општа хигиена Мимоза Величковска од Центарот за јавно здравје.

Бактеријата се размножува во чемиште бидејќи средината е топла и влажна, се создаваат лежишта, а во одредени делови нема проток на вода по што се создаваат наслаги од калциум, објаснуваат од Центарот.

Следете a1on на Youtube YouTube

Бактеријата е потенцијално опасна за лицата со ослабен имунитет и за децата и може да предизвика проблеми на уринарниот систем.

kumanovovodavodovod

Би можело да ве интересира

Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Предраг Петровиќ22/05/2026 - 15:1022/05/2026 - 16:39

Почина д-р Јордан Пачков – хроничар на Куманово

А1он16/05/2026 - 16:1516/05/2026 - 16:10

Дете e повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Горан Наумовски30/04/2026 - 16:0230/04/2026 - 16:03

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски01/04/2026 - 09:5401/04/2026 - 09:55

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:15

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он22/03/2026 - 13:3022/03/2026 - 13:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто