Прв јавен настап на Хилари Клинтон и нејзиниот потпретседателски кандидат Тим Кејн

Од:

Хилари Клинтон и нејзиниот кандидат за вицепретседател Тим Кејн синоќа првпат имаа заеднички јавен настап.

Таа пред партиските поддржувачи го претстави Кејн со зборовите дека е „прогресивен човек, кој сака работите да ги завршува до крај“.

Двајцата учествуваа на предизборниот митинг во исклучително важната држава Флорида, точно пред почетокот на националната конференција на Демократската партија, закажана за следната недела, пренесоа американските медиуми.

Клинтон посочи дека Кејн повеќе сака да има ефект од неговата работа, отколку да биде присутен во вестите.

-Доналд Трамп можеби смета дека Америка е во слободен пад, но тој греши. Подобрите денови за Америка допрва претстојат, изјави Клинтон, цитирана од ТАСС.

„И кога тој (Трамп) вели дека може самиот да го поправи тоа, тој едноставно греши, тоа е опасна грешка. Ние ги решаваме проблемите заедно, а ако Доналд тоа не го разбира, тој не ја разбира Америка“, посочи таа.

Клинтон во својот говор зборуваше за неопходноста од надминување на поделбите меѓу заедниците во САД, „минувањето на мостовите“ и почитувањето на разнообразноста на заедниците.

-Среќна сум пред Вас да можам да кажам дека мојот партнер во предизборната трка е човек кој едноставно само не ги споделува овие вредности, туку и живее со нив.

Клинтон кажа дека Тим Кејн е сето она што Доналд Трамп и Мајкл Пенс не се.

„Доволно е компетентен за оваа должност и да биде лидер уште од првиот ден”, изјави таа.
Клинтон на сенаторот од државата Вирџинија во петокот вечерат телефонски му го предложи местото на нејзин кандидат за вицепретседател. Со неговиот избор практично завршува селекцијата на кандидатите за општите избори.

Клинтон и Кејн ќе се натпреваруваат со републиканецот Трамп и неговиот кандидат за вицепретседател, Мајкл Пенс, гувернерот на државата Индијана, забележаа американските медиуми.

Кејн (58) одамна го сметаа за веројатниот човек на кого Клинтон ќе запре во својот избор. Поранешен гувернер на политички важната држава Вирџинија, поранешен градоначалник на Ричмонд, како и поранешен претседател на Националниот комитет на Демократската партија.
Тој имаше и особено силен поддржувач во претседателот Барак Обама, кој го посоветува штабот на Клинтон за тоа дека Кејн ќе биде добар избор.

Кејн зборува шпански јазик и има репутација дека може да работи со републиканците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бил Клинтон го исмеа Трамп: Стар сум, но сè уште сум помлад од него

Горан Наумовски

Клинтон одликуван со Орденот на слободата на Косово

Сомнителни експлозивни направи испратени до Белата куќа, семјствата на Обама и на Клинтон

Наум Локоски

Експлозивна направа пронајдена во близина на куќата на Бил и Хилари Клинтон

Наум Локоски

„Хил“: ФБИ открило врски меѓу Клинтон и руски нуклеарни компании

Наум Локоски

ВИДЕО: Путин му предложил на Клинтон Русија да се приклучи кон НАТО

Наум Локоски