Косовските туристи и годинава се најмногубројни на албанското крајбрежје.
Во последните неколку дена забележана е видно зголемена фрекфенција на патници и возила на преминот Морина, на албанско-косовската граница, кај Кукс.
Од преминот, за порталот Албеу, потврдија дека од два часот утринава до пладне границата ја минале околу 25.000 косовски туристи.
Во просек летниот одмор на албанскиот брег го минуваа по 400.000 косовски туристи.
Освен Косовците, многубројни се и македонските туристи, кои,од година во година се во се поголем број. Ги има од многу градови на Македонија а за одмор ги избираат главно Валона, Ксамил, Голем, Драч и Шенѓин.