Странските институции загрижени за случајот „Макпетрол“, домашните сè уште не реагираат

Од:

И по писмото од Европската енергетска заедница, во кое се бара од македонските власти да ги испитаат сомнежите околу компаниите и бизнисмените што се обидуваат да го преземат Макпетрол, ниту една од надлежните институции во земјава не се одважи да реагира.

По информациите во јавноста за сомнителното минато на инвеститорите од анонимната компанија „Балкан Петролеум“, се засилија стравувањата дека црниот капитал, испран низ карипските и кипарските офшор-шеми, на голема врата се подготвува да влезе во македонското стопанство. Но, и покрај сериозните наводи за корупција и перење пари во биографиите на руско-израелските бизнисмени, институциите, чија задача е да ја заштитат македонската економија од ваквите елементи, и натаму се само неми набљудувачи.

Од друга страна, единствената официјална реакција на овој случај досега, дојде од странство. Европската енергетска заедница, организација чија цел е проширување на единствениот европски пазар во Југоисточна Европа, се заинтересира и побара од домашните институции одговори на отворените прашања во врска со обидот за преземање на Макпетрол.

Македонија е земја-потписничка на договорот за пристапување кон ЕЕЗ од 2006 година, а со тоа државата презела низа одговорности и обврски кои одат во склад со европските енергетски прописи. Токму затоа, писмото до македонските власти се толкува како загриженост дека е можно прекршување на дел од овие обврски. Втората важна порака од писмото на ЕЕЗ, според познавачите на состојбите, е дека Европа е многу заинтересирана за случајот со Макпетрол, кој може да го поремети не само македонскиот, туку и регионалниот нафтен пазар.

Би можело да ве интересира

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана