Советот за безбедност на Обединетите нации денеска зад затворени врати го одржа првиот круг од тајното гласање за нов генерален секретар на ОН.
Амбасадорите избираа помеѓу 12 кандидати, а неофицијално води екс премиерот на Португагалија Антониот Гутереш, кој има 12 гласови, јави агенцијата Асошијетед прес повикувајќи се на дипломатски извори. Резултатите не се објавуваат јавно и само се соопштуваат на земјите од каде што доаѓаат кандидатите.
Двајца дипломати кои побарале да не бидат именувани, откриле дека на третото место се тројца кандидати-Ирина Бокова од Бугарија, Вук Јеремиќ од Србија и Срѓан Керим од Македонија.
Јеремиќ според српските медиуми во првиот круг на гласање имал девет позитивни гласови.
Екс премиерката на Нов Зеланд, Хелен Кларк е на четвртата позиција, а на петтото место е кандидатката од Аргентина, Сузана Малкора.
На гласањето секој член на Советот за безбедност можел да се изјасни за секој кандидат со една од трите опции-“охрабрува“, “не охрабрува“ и “немам мислење“.
Помеѓу 12 кандидати, екс министерката за надворешни работи на Хрватска, Весна Пусиќ добила најмногу гласови “не охрабрува“.