Поради запалено гнездо на штркови на бетонски столб вечерва во Росоман, биле запалени и дел од каблите по што била исклучена електричната енергија во еден дел, за да не дојде до поголеми несакани последици.
Портпаролот на ЕВН Атанас Ковачевски потврди дека има прекин на електричната енергија, но нагласи дека нивни екипи се на терен и оти најбрзо што може проблемот ќе биде надминат.
– Вообичаено, во период кога штрковите не се тука, ние ги менуваме нивните гнезда и им ставаме на истите места специјални гнезда кои ги штитат нив, но истовремено и не и штетат на мрежата. Таквите гнезда ги изработуваат учениците од средното електротехничко училиште во Велес, информира Ковачевски.
Но, во случајов станувало збор за ново гнездо во Росоман.