Хамас: Повеќе од сто жртви во Појасот Газа

Од:

Повеќе од сто лица загинаа во Појасот Газа во шестдневното насилство, изјавија синоќа претставници на исламистичкото движење Хамас, кое ја контролира палестинската територија.

Тие истакнаа дека вчера загинал командатот на Исламскиот џихад Рамез Харб, кога во градот Газа е погодена повеќекатницата, во која се наоѓаат повеќе локални и странски медиуми.

Уште шестмина Палестинци се убиени во четири одвоени напади, изјавија претставници на лекарските власти, а четири лица им подлегнаа на повредите, со кои се здобија во неделата.

Израел во меѓувреме ги прошири целите на офанзивата, чија цел е да ги спречи ракетните напади од Појасот Газа.

Во неделата почнаа нападите врз куќи на активисти на Хамас. Тоа доведе до пораст на цивилните жртви. Дваесет и четири цивили загинаа за нешто помалку од два дена, а вкупниот број на убиени цивили во судирите двојно се зголеми.

Во офанзивата, која почна во средата загинаа 101 Палаестинец, од кои половината се цивили, а 24 се деца. Ранети се 840 лица, меѓу кои 225 деца, изјави палестинскиот лекар Ашраф ал Кидра.

На израелската страна три лица загинаа во експлозија на ракета, која во четвртокот погоди една станбена зграда во јужен Израел.

Најновите анкети покажуваат дека 84 проценти од Израелците ја поддржуваат операцијата наречена „Столб на одбраната“, а 12 отсто се против. Меѓутоа многу помалку Израелци, односно околу 30 отсто ја поддржуваат евентуалната копнена инвазија.

Би можело да ве интересира

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан