Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ безсрамно злоупотреба на државен имот за приватни цели

Од:

Колку повеќе им се ближи крајот, толку повеќе се зголемува расипничкото однесување на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Со државата и нејзиниот имот се однесуваат како да се нивна приватна сопственост, рече Костадин Костадинов, портпарол на ОО СДСМ Струмица.

Струмица, денеска, беше сведок, на уште една безсрамна злоупотреба на државниот имот за приватни цели. Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, без срам и грижа на совест долета со службен хеликоптер од Скопје и слета на приватна сепарација на територијата на општина Струмица и тоа за приватни цели.

Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е згрозена од расипничкото однесување на министерот Чавков. И недозволиво е министер да се вози приватно со хеликоптер, притоа купен од народен пари.

Чавков уште еднаш го потврди вистинското лице на оваа влада во заминување. Нејзиниот комодитет и раскошно живеење биле и се пред интересите на граѓаните. Додека тие едвај можат да купат автобуски билет за да стасаат до потребната дестинација, владата на Груевски се рафрла со буџетски средства.

И додека половина од граѓаните едвај врзуваат крај со крај, младите се иселуваат заради се поголемата сиромаштија, државата тоне во долгови, Груевски и неговата влада се луксузираат и не сакаат да се соочат со вистината.

Затоа, јавно го прашуваме Чавков:

Колку ги чини граѓаните  неговото патување со државен хеликоптер, за приватни цели?

Народот има право да знае, каде и за што се користат неговите пари.

Македонија заслужува чесна влада. Влада која што ќе ги почитува и ќе работи за интересите на граѓаните. А таква, ќе биде новата, демократска влада на СДСМ, на чело со Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Струмица, еден маж користел секира, полицијата уапси еден од насилниците, вториот е во бегство

13 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица

Почина човек во изгорен стан во зграда во Струмица

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ