Од еден до три е целосно нов проект кој е направен специјално за компанијата „Verreum Manufacture“ и претставува олицетворение на различни аспекти од една личност, составен од три седишта креирани од преработено стакло, со слични линии, но сепак со сосема различен карактер.
Иако се наменети да бидат поставени на исто место, сите предмети од колекцијата можат да постојат самостојно, следејќи ја волјата на секому поединечно.