Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид соопшти дека мексиканскиот кошаркар Густаво Ајон дресот на „кралскиот клуб“ ќе го носи до 2019 година. Ова значи продолжување на верноста кон клубот каде настапува од 2014 година, а додје од Атланта (НБА лига).
Ајон за Реал Мадрид има одиграно 146 натпревари, а го има освоено трофеј во Евролигата, два шампионски пехари во Шпанија и два национални купа.
Ајон пред да настапува за Реал Мадрид играше во неколку НБА тимови, како и во екипи од Шпанија.