Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години со денешниот натпревар против Ерменија ќе ги почне натпреварите на Европското првенство Б дивизија што ќе се игра до 24 јули во Халкида, Грција.
Македонија се наоѓа во групата А со селекциите на Црна Гора, Грузија и на Португалија. Почетокот на дуелот со Ерменија е во 15:30 часот. Утре играме со Црна Гора, во недела со Грузија, а среда со Португалија.
На шампионатот учествуваат 21 репрезентација. Во Б групата ќе играат: Полска, Русија, Исланд, Белорусија и Естонија, а во Ц групата се: Велика Британија, Грција, Холандија, Косово, Република Ирска и Албанија. Во Д групата се: Босна И Херцеговина, Хрватска, Словачка, Бугарија и Романија.
Двете првопласирани селекции од секоја група ќе играат во четвртфиналето, а трите првопласирани на шампионатот ќе изборат пласман во А дивизијата за следната година.