Заев: 1.600.913 денари собрани за изградбата на храмот „Успение на Пресвета Богородица“

Од:

1.600.913 денари се собрани од граѓаните и правните субјекти за изградбата на соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“.

Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, јавно им се заблагодари на сите  1.422 донатори, од кои 1. 262 граѓани и 160 фирми. Вкупно донирани средства 1.600.913 денари, од граѓаните се донирани 948.245 денари, а од фирмите 652.668 денари.

На лед дисплејот кој се наоѓа на градскиот плоштад ќе бидат објавени имињата на донаторите.

„Целта е преку овој скромен чин да се заблагодариме на сите оние кои донираа средства, а се претставници на одредени наши семејства. Истовремено, благодарност ќе оди и кон фирмите кои што донираат финансиски средства. Сето ова е со крајна цел, граѓаните да го следат целиот овој процес како оди донирањето на средствата и изградбата на соборниот храм“, рече градоначалникот Заев.

Тој информираше дека изградбата на храмот се одвива според планираната динамика. Досега се изградени повеќе од 10 метри во висина и 2,5 под земјата и ако бидат поволни условите за градба во зимскиот период, до Велигден идната година, соборниот храм ќе стаса до финална фаза на покривање.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија

Филипче: СДСМ во Струмица има одличен кандидат за градоначалник

По седум години кочење, започнува доизградбата на стариот театар во Струмица, изјави Мицкоски

Горан Наумовски