Водата во таканареченото „Мермерно езеро“ кај Прилеп е исправна за капење и е од прва категорија, велат од Центарот за јавно здравје од Прилеп. Директорот на оваа установа Гоце Ингилизов нагласува дека ја испитале биолашката и хемиската исправност на водата по барање на локалната самоуправа и на граѓаните меѓу кои стана атракција и оваа вепштачка акумулација е многу посетена.
– Повеќето физички параметри кои ги испитуваме се од прва категорија на безбедни води за пливање, освен тоа што водата е нешто поматна и помал е вкупниот кислород во неа, но не претставува никаква опасност за здравјето. Водата е микробилошки исправна за капење, во моментов нема никакви загадувања, вели Ингилизов.
Од Центарот за јавно здравје велат дека на секои 15 дена ќе ја испитуваат водата, но препорачуваат внимателност зашто иако езерото е на територија на РМ, сепак нема стопанственик кој би го одржувал.
Деновиве, потврдуваат и од Центарот за јавно здравје, македонските нуркачки клубови „Акватек“ и „Врело“ биле кај „Мермерното езеро“, го истражувале и, според нив, е длабоко околу 15 метри, а температурата е од 8 до 22 степени Целзиусови.