Евролига ја повлече тужбата против ФИБА

Од:

Евролига и нејзините членки ја повлекоа тужбата во судот во Минхен против ФИБА, објави Светската кошаркарска федерација на својата веб страна.

Обвинението е покренато на 2 јуни од страна на Евролигата и клубовите Фенербахче, Макаби, Олимпијакос, Реал Мадрид, Гран Канарија, Олимпија Љубљана, Литвос Ритас, Цедевита, Зјелона Гора, Уникаха Малага, како и АБА лигата и АТБ лига.

Судот по повлекувањето на тужбата ја откажа расправата која беше закажана за 19 јули, додека Евролига и нејзините соработници ќе треба целосно да ги платат судските трошоци вклучувајќи ги и трошоците на ФИБА и ФИБА Европа.

Евролигата ја тужеше ФИБА затоа што сметаше дека Светската кошаркарска организација врши притисок врз клубови, играчи и судии за бојкот на натпреварите под покровителство на организацијата со седиште во Барселона.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос