Насекаде низ Норвешка можат да се забележат куќи со бујна вегетација на покривите.
Густа зелена трева, цвеќиња, па дури и дрва можат да се видат на покривите на норвешките куќи.
Ваквиот тип на покриви имаат голем број предности, освен тоа што изгледаат убаво, тие се долготрајни, и нудат стабилност на градбата и обезбедуваат подобра изолација.
Во средниот век, во времето на Викинзите, поголемиот број од куќите во Норвешка имале покриви прекриени со зеленило, со текот на времето оваа пракса замрела, но зелените кровови, во последните години, откако Норвежаните ги увидели бројните предности, доживеаа вистинска ренесанса.