Најмалку осум луѓе, од кои неколку деца, загинаа во пожар во сиропиталиште во градот Дурбан, соопштија денеска јужноафриканските власти.
Спасувачката служба наведе дека пожарот избил утрово во сиропиталиште што е сместено во предградието Парлок, Дурбан.
Полицијата ја испитува причината за пожарот.