Не стивнува кризата во Венецуела – ново продолжување на вонредната состојба во економијата

Од:

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ја продолжи за уште два месеца економската вонредна состојба во државата воведена во средината на јануари.

– Вонредната состојба се продолжува за 60 денови поради вонредни околности кои влијаат врз националната економија, се наведува во указ на Мадуро.

Прв таков указ беше потпишан на 14 јануари кога беше воведена економската вонредна состојба, и оттогаш двапати беше продолжувана.

Мадуро ја оправдува таа мерка со економска војна која против него ја водат венецуелски фирми и политички противници.

Со мерките, Влдата може да располага со производи од приватен сектор за да обезбеди снабдување на населението со основни производи, што според опозицијата се отвора пат за нови експропријации.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски