Аквапаркот во Карпош чека дозвола од општината

Од:

„Очекуваме во текот на декември да ја добиеме градежната дозвола, по што веднаш ќе поставиме и камен темелник, изјави Ратко Капушевски, директорот на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

За реализација на оваа инвестиција кој ќе отвори нови 36 работни места, ќе бидат потребни четири месеци.

„Ако општина Карпош не ја издаде дозволата, тогаш ќе се оди на второстепена постапка според која одобрението за изградба го издава министерот за транспорт и врски. Сепак очекуваме дека во декември се ќе биде во ред и дека ќе ја добиеме градежната дозвола“, изјави Капушевски на вчерашната отворена седница на Владата.

Градоначалникот на Карпош неодамна изјави дека нема пречки за изградбата на Аква парк, дека сите дозволи се донесени, но беше скептичен дека Владата воопшто ќе влезе во реализција на тој проект.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира