Се проширува полициската акција „Керозин“

Од:

Првиот човек на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски, денеска најави проширување на полициската акција „Керозин“.

Се работи за обемна истрага, во која се инволвирани многу, а судот, посочи, ќе ги разгледува и претходните кривични пријави за Анѓел Пецов, кој и претходно бил приведуван, а е еден заедно со неговиот син, организатори на криминалната група.

Организираниот криминал преку фирмата „Алма комерц“ на Анѓел Пецов и „Алма шпедиција“ на неговиот син Љупчо, се вршел на два начина и тоа преку измама и со корупција, пред се на магазионерите кои ја примале нафтата, но не е исклучено и ќе се проверува можната инволвираност и на други раководни лица во институциите односно градинките, училишта, болници, општински згради…

Овој метод на измама, криминалната група ја користела веќе 4 години на тој начин што добивале јавни тендери со тоа што нуделе најниска економски неиздржана цена на нафта од околу 60 денари за литар.

Полицијата првичните сознанија ги добила од два организирани извори, а подоцна, информира Тодоровски, биле ангажирани уште две лица, како блиски соработници на обвинетите, преку кои е дојдено до сознанија и е утврден криминалот на организираната група.

Имено, утврдено е дека криминалната група располага со две цистерни „близначки“, кои се разликувале само по бројот на таблиците и со нивна замена се вршела измамата.

Тодоровски информира дека надлежните министерства, како и градоначалниците со кои оваа фирма има склучено договор за испорака на нафта имаат добиено задача, заедно со Бирото за метрологија и со УЈП да извршат контрола на количините нафта што ја поседуваат секоја институција одделно, да се утврди габаритот на нивните вградени цистерни и колку по фактура досега во оваа грејна сезона имаат набавено нафта. Со тоа, тврди тој, ќе се утврди направената штета. Само за оваа година, „Алма комерц“ имала добиено 150 тендери за транспорт и испорака на нафта за греење.

Во целокупната истрага односно акцијата „Керозин“ ќе се врши и проверка на имотот на приведените.

Против 9 лица е поднесена кривична пријава за „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената овластување“, „злоупотреба на исправа со невистинита содржина“ и за кривично дело „помагање“.

При извршени претреси на седум локации, од кои три во Скопје и четири во Неготино, пронајдени и одземени се четири цистерни кои се користеле за вршење на кривичното дело, една полуприколка со влекач, три патнички автомобили „масерати“, „фолсваген пасат“ и „фолсваген кади“, 14 мобилни телефони, компјутери, бројна документација за набавките, за транспортот на нафтата, патни налози, фактури, испратници, како и 26 илјади евра во правното лице „Алмак комерц“.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он