Дали и Каплан е само пион во играта за преземање на Макпетрол?

Од:

Ниту една институција досега не се заинтересира да истражи кои се луѓето кои стојат позади “Балкан петролеум холдинг“ , фирмата која сака да го превземе Макпетрол, пишува Телма.

И покрај сомнителните имиња кои се појавуваат и мрежата на повеќе офшор компании ниту финансиската полиција ниту комисијата за хартии од вредност не се одзваа на прозивиките.

До сега само двајца се појавија како официјални претставници, првиот е Ури Бидер кој според информациите на Телма вршел притисоци врз акционерите за продажба на акциите.

Вториот е Александер Каплан кој пред неколку дена дошол во земјава за да даде интервју за интернет портал, а во својство на претставник на Балкан Петролеум.

Ако на интернет се истражат и двете имиња, тие имаат неколку заеднички работи. Зад нив стојат сомнителни луѓе, и двајцата биле директори на рафинерии кои пропаднале и двајцата имаат по неколку компании на дестинации кои се офшор даночни раеви.

Од она што до сега го дознава Телма, а сведочеа и романски новинари истржувачи израелецот со украински пасош Ури Бидер бил само пиун на луѓе кои ја уништиле најголемата рафинерија во Романија Рафо.

Според новинарите тоа се луѓе кои се вклучени во црни бизниси во Русија, а по протекувањето на информациите од панама пејпрс Ури Бидер беше поврзан со сомнителниот руски олигарх Михаил Черни. А со уште еден контроверзен олигрх но овој пат од Украина, Сергеј Курченко, се поврзува и името на Александар Каплан, кој деновивее актуелен со интервјуто за плановите на како што вели неговиот тим од Балкан Петролеум.

Според телевизијата, Капиталот со кој е основана Балкан Петролеум е 1000 евра, а таа треба да уплати банкарска гаранција од 47 и пол милиони евра за да докаже дека е сериозен играч на нафтениот пазар.

Би можело да ве интересира

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана